Нашата компанија
ЕКОБЕСТ е динамички растечка грчка компанија основана за да ги задоволи потребите на своите клиенти со иновативен, сигурен и економичен градежен систем.
ЕКОБЕСТ нуди високо енергетски, ефикасни и еколошки решенија што најдобро можат да ги исполнат специфичните климатски и сеизмички норми за изградба на објекти во Грција и истите може лесно да бидат усвоени од секоја друга земја.
Благодарение на квалитетот и ниската цена на нашите производи, успешно работиме не само во Грција и Кипар, туку ги започнавме првите градежни конструкции во поширокиот регион на Балканот.
Нашата визија
Нашата визија е радикално да ги промениме тековите во градежниот сектор, во различни земји во светот, со иновативен, кредибилен и економски предлог.
ЕКОБЕСТ е горд на истражувањето спроведено под покровителство на Националниот технички универзитет во Атина каде ги демонстрираше уникатните антисеизмички својства на нашиот систем.
Со постојано истражување и напорна работа, нашата компанија создава висококвалитетни и трајни производи кои активно придонесуваат за заштеда на енергија.
Нашата мисија
Нашата мисија е да ги оствариме соништата на нашите клиенти исполнувајќи ги сите нивни потреби, секогаш потпирајќи се на целосно управување со квалитетот, што нашата компанија го усвои.
Ова е причината зошто успеавме да создадеме интегриран систем на производство што ги надминува очекувањата на пазарот за квалитет, трајност, брзина на инсталација, енергетска ефикасност и почитување и заштита на животната средина.
Нашата компанија е позната по професионалноста и конзистентноста со која ги исполнува своите обврски. Односите што ги градиме со нашите клиенти се врски што траат сè додека траат нашите конструкции.