Хронологија
Од палеолитската ера и првите човечки живеалишта, пештери, шатори, едноставни дрвени конструкции и колиби па се’ до денес, потребата за инсталирање и домување отсекогаш била прилагодена на различните побарувања на секоја ера, на барањата и перспективите на човекот сразмерно со достапните материјали во секој регион.
Најпопуларен градежен систем во Грција е конвенционалното градежништво или кажано на друг начин, изградбата со армиран бетон бидејќи бетонот е главниот градежен материјал во Грција и пошироко. Термините “béton“ и “béton armé“ не се случајност бидејќи првите чекори на материјалот беа направени во Франција.
Причините поради кои армираниот бетон преовладува во градежништвото се директно поврзани со неговите очигледни предности: економичен, лесен за употреба, еластичен, издржлив, со висок степен на издржливост и безбедност од земјотреси. Сепак, армираниот бетон има и неколку неповолности како што се големата тежина, структурни дефекти, скапи поправки, ограничени својства на топлинска изолација, итн.
Развој на градежни системи
Во принцип, развојот на градежништвото особено во Грција отсекогаш бил бавен, поради постојаното одложување на адаптацијата меѓу архитектонскиот дизајн и иновациите, што резултираше со фактот дека градежните традиции, искуства и култура создадоа силен и вкоренет систем во областа на градежништвото, кој не дозволува развој на нови техники и материјали.
Сепак, големите промени во сите области на животот на човекот, немаа помалку значајно влијание врз градежништвото. Еден од напредокот во последните децении е развојот на челичните конструкции во повеќето напредни земји во светот, пред се’ заради нивното одлично однесување против земјотреси.
EКОБЕСТ, користејќи нови технологии, нови методи на дизајн, комбинирани со нови регулативи, создаде нов иновативен систем на градежни објекти. Системот ЕКОБЕСТ се заснова на принцип на композитна или мешана конструкција. Терминот “композитна“, означува било каков структурен елемент кој се состои од два основни дела, бетон и челик, кои меѓусебно се поврзани на таков начин (сврзување на смолкнување) каде и лизгањето и раздвојувањето на еден материјал се ограничени.
Систем за градба
ЕКОБЕСТ градежниот систем успеа да ги искомбинира предностите на армираниот бетон и челик, а во исто време да елиминира голем дел од нивните недостатоци, преку употребата на трет основен материјал, ЕПС експандиран полистирен, обезбедувајќи еколошки конструкции со висока енергетска ефикасност, кои најдобро соодветствуваат со барањата за исполнување на климатските и сеизмички норми во Грција .
Срцето на градежниот систем ЕКОБЕСТ се заснова на серија индустриски експандирани полистиренски панели (изолационен елемент) и галванизирана мрежа од галванизиран челик (арматура). Со завршувањето на истражувањата во лабораторијата за сеизмичка технологија NTUA (Национален технички универзитет во Атина), Градежниот систем ЕКОБЕСТ ги исполнува потребните динамички и статички барања на тековната анти-сеизмичка регулатива во целосна согласност со Еврокодовите.