ПОЛИТИКА НА БЕЗБЕДНОСТ, КВАЛИТЕТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
ЕКОБЕСТ е посветен на обезбедување на безбедна и сигурна работна средина за сите свои вработени, даватели на услуги и посетители.
Нашата главна цел е да ја зајакнеме важноста на средината, здравјето, заштитата и безбедноста. Градежната индустрија е постојано со нови предизвци и истата бара строги политики и процедури со цел да се намали изложеноста на идентификуваните и неидентификувани ризици. Од голема важност за нас, е нашата постојана прилагодливост кон сите задолжителни законски правила и прописи.
Исто така и нашите даватели на услуги и посетители
треба да ги знаат клучните правила за безбедност и здравје на ЕКОБЕСТ ;
Како да ги применуваат, да ги препознаат, разберат и почитуваат знаците за безбедност и здравје и заштита од пожар ;
Да знаат како соодветно да реагираат во итни ситуации ;
Да знаат како да пријават било какви проблеми поврзани со безбедноста и здравјето.
Почитувањето и следењето на овие Упатства, не ги опфаќа сите можни ситуации на ризик,но постоечките безбедносни и здравствени ризици постојано се мониторираат и доколку е потребно од страна на Екобест, ќе бидат утврдени дополнителни практики како би се минимизирале сите ризици. Секој е должен да работи безбедно и да ги корегира небезбедните дејствија, практики и услови за заштита како на самиот себе, така и на другите. Исклучително е важно секој човек да разбере како да ја заврши својата задача безбедно и ако не му е јасно или разбирливо, да застане и праша пред да започне со работата.
ЕКОБЕСТ се потпира на квалитетот на своите вработени како би испорачал услуги што ги исполнуваат или дури ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти, во согласност со нашиот систем за управување со квалитет. Ова е причината зошто нашите луѓе се нешто повеќе од вработени, тие ни се партнери во нашиот континуиран напор да ги задоволиме потребите на клиентите.