Предности

Антисеизмички и Траен.
Системот со армиран ѕиден систем ЕКОБЕСТ нуди зголемена механичка сила и поголема апсорпција на сеизмичка енергија во споредба со традиционалното градење со тули, во голема мера подобрувајќи го сеизмичкото однесување на зградата како и нејзина зголемена одржливост. Повеќе>>

Заштеда на енергија
Ѕидниот систем EКOBEСT нуди многу ниска У- вредност , што резултира во заштеда на енергија до 50% во потребите за греење и ладење во споредба со другите традиционални ѕидни системи, како и голема заштеда на електрична енергија и rac. Повеќе>>

Брза инсталација
Индустриското производство на ѕидните плочи ЕКОБЕСТ со достава до локацијата, со висина и дебелина според барањата на проектот, значително го намалува времето на градење дури до 60% во споредба со градењето со тули, што значи соодветно намалување на работната сила. Повеќе>>

Лесен
Благодарение на малата тежина на панелите ЕКОБЕСТ, товарот на ѕидовите е намален за 60% во однос на конвенционалното ѕидање, со што се намалува целокупниот товар на зградата, а во голема мера го подобрува нејзиното статичко однесување во случај на земјотрес. Исто така, заради малата тежина, не е потребна опрема за подигнување на градилиштето. Повеќе>>

Еколошки
ЕКОБЕСТ е еколошки и може да се опише како чиста технологија заради нискиот отпадок од јаглерод за време на своето производство и високите енергетски придобивки што ги нуди додека постои зградата. Исто така, значително ги намалува влијанијата врз животната средина бидејќи се заснова на употреба на еколошки и целосно рециклирачки материјали. Повеќе>>

Супериорна огноотпорна јачина
Ѕидниот систем ЕКОБЕСТ е огноотпорен и неговата отпорност на пожар е двојно поголема од конвенционалното ѕидање. Тестовите извршени на панелите ЕКОБЕСТ покажаа дека ѕидовите имаат РЕИ од 170 минути и припаѓаат на категоријата А2 која не придонесува ширење и развој на пожар според EN 13501-1 / 2002.

Звучна изолација
ЕКОБЕСТ панелите можат да обезбедат целосна звучна изолација со комбинирање на својствата на бетон-гипс, полистирен и камен волна слој што дополнително се воведува во производството на панелите во посебни прилики.

Архитектонски флексибилен
Панелите ЕКОБЕСТ нудат голема архитектонска слобода и лесно се прилагодуваат на сложени апликации како што се кружни sидови, лакови и неправилни геометриски форми. Повеќе>>

Економичен
Градежниот систем ЕКОБЕСТ, претставува најекономично решение на пазарот денес, споредено со сите други традиционални градежни системи со соодветни топлински и звучни изолациони својства. EКOБEСT го намалува времето за изградба на проекти, што резултира во дополнителна заштеда на трошоците за работна сила. Имајќи в предвид дека загубите на енергија додека се гради зградата се скоро нула, трошоците за греење и ладење при работа, како и механичките инсталации се значително намалени.